Како што јавува Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на изминатите 24 часа, екипата на ТППЕ Куманово бележи две интервенции и тоа во атарот на с. Лопате, кога во 13:25 часот бил пријавен пожар предизвикан од опожарена житарица на површина од 7 декари. Во тричасовното гасење на пожарот учествувале петмина пожарникари со едно ПП возило.
Loading...
Причината за пожарот и материјална штета се непознати.
Втората интервенција на ТППЕ Куманово е регистрирана во м.в Говедарски Пат – Диво Насеље на запалена сува трева на површина околу 2000 м2.
Пожарникарите според РЦУК во гаснење на пожарот учествувале со едно ПП возило и тројца пожарникари.