Пожари вчера во Шупли камен, Тромеѓа и Довезенце

Сподели со своите пријатели

На неколку локации во кумановско вчера избувнале пожари, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Деветмина пожарникари со три противпожарни возила вчера гаснеле поголема површина сува трева и стрништа во атарите на кумановските села Шупли Камен и Тромѓа.

Интервнцијата траела од 17:40 до 21:50 часот.

Пожар имало и во селото Довезенце каде вчера во период од 17:30 до 19:30 часот интервенирале двајца пожарникари на ТППЕ Старо Нагоричане.

Таму гореле сува трева, стрниште и багрем на површина од околу два хектари.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жител на Тромеѓа нападнат во Пчиња