Пожар во трговски центар во Јужна Кореја: Најмалку седум лица загинаа

Сподели со своите пријатели

Пожар избувна денеска во подрум на трговски центар во јужнокорејскиот град Даеџон, при што загинаа најмалку седум лица, соопштија властите.

Loading...

Според Го Сеунг Сеол, официјален претставник на противпожарниот штаб во Даеџон, по гаснењето на пожарот, пожарникарите продолжиле да бараат преживеани, пренесе АП.

Тој рече дека чад има и во други делови од зградата.

Пожарот избувнал утринава околу 7 часот и 45 минути и брзо се проширил на просторот во подрумот каде се врши товарењето, поради што се евакуирани повеќе од 110 лица, меѓу кои и вработени во трговскиот центар и гости на блискиот хотел.

Официјалните лица рекоа дека штетата би можела да биде поголема доколку пожарот избувнал во работното време на трговскиот центар.

Над 500 пожарникари и 90 возила биле ангажирани во гаснењето на пожарот, кој бил изгаснат околу 15 часот, соопшти Го.

Ли Сеунг-хан, официјален претставник на противпожарната служба во Јусеонг, рече дека шесте лица кои загинале биле вработени во трговскиот центар и дека официјалните лица се обидуваат да ги идентификуваат другите жртви.

Ли и Гоу не ја коментираа причината за смртта. Противпожарната служба и полицијата ги истражуваат причините за пожарот.

Loading...

Локалните медиуми цитираат извештаи на очевидци кои сугерираат дека пожарот можеби бил предизвикан од експлозија на електрично возило што се полнелo во подрумот.