Пожар вчера избувнал во семејна куќа лоцирана на улицата „Србо Томовиќ“ во Куманово.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, пожарот избувнал поради електричната инсталација, а на терен интервенирале петмина пожарникари во период од 10:30 до 10:45 часот.
Во текот на денот, од 11:00 до 11:45 часот поќарникарите интервенирале и на запален смет кај маркетот Туш.
Оџак од куќа се запалил вчера на улицата „Доне Божинов“. Во интервенцијата учествувале четворица пожарникари со едно противпожарно возило во период од 09:20 до 10:00 часот.
Никола Ивановски