Пожар изби во нуклеарната централа во Запорожје

Сподели со своите пријатели

Пожарот во нуклеарната централа во Запорожје е „целосно изгаснат“, изјави утрово шефот на руската администрација во окупираната украинска област Владимир Рогов.

Loading...

Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат дека синоќа предизвикале пожар во системот за ладење на електраната.

„Пожарот што избувна во разладната кула на нуклеарната централа Запорожје по нападот на украинските вооружени сили е целосно изгаснат“, изјави Рогов.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „руските окупатори го предизвикале пожарот“.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), која има свои луѓе на терен, соопшти дека нема закана за нуклеарната безбедност и дека шест реактори се затворени.

„Експертите на МААЕ видоа црн чад што доаѓа од северниот дел“ на централата, откако синоќа слушнаа „повеќе експлозии“ и беа информирани од раководството на фабриката „за сомнителен напад со дрон“ на една од двете кули за ладење, соопшти МААЕ.

Електраната во Запорожје е под контрола на руските сили од март 2022 година.

Се наоѓа во Енергодар, на брегот на реката Днепар, која е линијата на фронтот меѓу руската и украинската страна.

Loading...