Истражувањето спроведено на 2.000 испитаници во Шпанија, покажува дека 36,4 отсто од испитаниците успеваат да ги покријат своите трошоци.
Како што е наведено, 41,3 отсто од испитаниците рекле дека успеваат да штедат по малку секој месец, додека 10,3 отсто рекле дека треба да ги искористат заштедите за покривање на трошоците, а 5,9 отсто дека биле принудени да се задолжуваат.
Анкетата е спроведена од 23 до 26 февруари.
Во тој месец цените во Шпанија пораснале за 6,1 отсто во споредба со јануари, што е највисок месечен пораст на инфлацијата во февруари во последните 45 години, пишува весникот.
Инфлацијата останува фундаментален проблем за домаќинствата, владите и инвеститорите, при што потрошувачките организации OCU ги проценуваат дополнителните годишни трошоци за просечното семејство на 860 евра.
Кредитите исто така се поскапи, па просечната сума на заемот во Шпанија се зголеми од 546,8 евра месечно на 813,8 евра.
Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.