Постојниот терминал на ГП Табановце ќе се прошири за нови 4000 м2

Сподели со своите пријатели

Како што информира Царинската управа на РМ, со цел континуирано олеснување и забрзување на граничните формалности и зголемување на пропусната моќ за стока на граничните премини.  неодамна е избрана консултантска фирма која до крајот на годината ќе ја подготви градежно техничката документација за надградба на објектите на граничните премини Табановце и Ќафасан.

Loading...

Конкретно станува збор за проширување на постојниот терминал за увоз и извоз на стока на граничниот премин Табановце за дополнителни 4.000 м2 и изградба на нови придружни објекти, како и изградба нов увозно извозен царински терминал од 9.500 м2 на граничниот премин Ќафасан со пристапни патишта, објекти за царинење и други инспекциски органи како и реконструкција на постојните објекти.

За таа цел, обезбедени се средства од ИПА фондовите во износ од 1,9 милиони евра за  граничниот премин Табановце и 1,5 милиони евра за граничниот премин  Ќафасан.

Со овие проекти, кои воедно се дел и од програмата на Владата на Република Македонија за 2014-2018 година,  ќе се забрза и олесни стоковата размена, особено на фреквентните гранични премини, а воедно ќе се олесни и забрза транспортот долж пан-европските коридори 8 и 10.