„Постои висок ризик од терористички напади во ЕУ поради војната во Газа“

Сподели со своите пријатели

Европската унија во моментов се соочува со зголемен ризик од тероризам поради војната во Газа, изјави во вторникот комесарката за внатрешни работи на Европската комисија, Илва Јохансон.

Loading...

„Со војната меѓу Израел и Хамас и поларизацијата што ја предизвикува во нашето општество, со претстојната празнична сезона, постои огромен ризик од терористички напади во Европската унија“, рече еврокомесарот пред состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Брисел.

Јохансон се осврна на нападот со нож во Париз во саботата во кој беше убиен еден германски турист, а двајца други беа повредени, како и претходните напади.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Албанија ги отвора преговорите за членство во Европската унија

Комесарката најави дека „ќе стави на располагање дополнителни 30 милиони евра за заштита на, на пример, свети објекти“.

Министрите на ЕУ треба да разговараат за безбедноста во блокот во светло на војните на Блискиот Исток и Украина.

На дневен ред се и дебатата за Шенген зоната и напредокот во реформите на политиката за азил и миграција.