Постои и сирење од свинско млеко – 2.300 долари по килограм (видео)

Сподели со своите пријатели

Ерик Стеник, холандски фармер од љубопитност започнал да произведува сирење направено од свинско млеко. Млекото од свиња инаку има многу повеќе протеини од кравјото, но поради тешкото молзење и малата количина која ја даваат, цената по килограм изнесува 2.300 долари.

Loading...

Молзењето е многу комплицирано и се бара голем труд и трпение, па затоа тој досега има произведено само половина килограм сирење. Од тоа што го има произведено, дел продал на анонимен купувач, а останатиот дел го оставил за дегустација на потенцијални купувачи.

  • Тоа е производ кој никој не го прави, а многу луѓе се интересираат за истиот. Од неодамна зпаочнавмо со молзење. И покрај тоа што е напорна работа, доколку луѓето се спремни да платат ние сме спремни да угодиме – вели Ерик.

Првиот обид бил неуспешен, но на крајот успеале со помош на локалниот произведувач на сирење и потрошиле часови на проучување на процесот на производство.