Последниот ден од овој викенд повторно со високи температури

Сподели со своите пријатели

Денешниот ден повторно ќе започне со ниска облачност низ котлините, но на повискоте места со сончевите зраци, информира порталот за временска прогноза метеопро.мк.

Loading...

Во претпладневните часови целокупната ниска облачност ќе исчезне, а во попладневните часови ќе имаме прилично ведро време.

Максималната дневна температура повторно со невообичаени вредности, од 12 до 17 степени целзиусови.

Во околината на Куманово не очекува претежно сончево време, со сосема мала локална болачност. Дневната температура ќе се движи од утринските три степени под нулата, за да истата во текот на денот се искачи до десет степени целзиусови.

Понеделник ќе биде сосема идентичен со недела, а веќе од вторник ќе имаме мала тенденција на паѓање на температурата, која во деновите што следат ќе биде со едноцифрена вредност.

Според податоците на порталот accuweather, снег може да очекуваме на 15-ти декември, од кога ќе имаме и позначителни падови на температурите.