Поскок – најотровната змија во Македонија, еве како да ја познаете (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Поскок е најотровната змија во Македонија. Уште е позната и како камењарка.

Loading...

Во Македонија има вкупно 16 видови регистрирани змии, од нив само три се отровни, а две полуотровни.

 

@kumanovskimuabeti.mk Најотровната змија во Македонија #kumanovo #kumanovskimuabeti #zanimlivosti #занимливости #Куманово #кумановскимуабети #foryou #foryoupage #facts #zanimljivosti #cinjenice #fakti #makedonija #macedonia #serbia #balkan #srbija #viral #snake #snakes #zmii #zmije ♬ original sound – kumanovskimuabeti.mk

 

Поскок достигнува вкупна должина од најмногу 95 см, иако најчесто е околу 85 см.

Најлесно може да се препознае по рокчето на муцката. Шарите на поскок се разликуваат според полот. Мажјаците имаат неправилни темнокафеави, темносиви или црни белези, а женките имаат слични, но помалку впечатливи шари.

Поскокот е најотровната змија не само во македонија, туку и во Европа.

Loading...

Отровот може да биде прилично токсичен, но се разликува од временскиот период и кај разни населенија. Содржи хемотоксини што ја засируваат крвта, со исти последици и сила како отровот на ѕвечарките.

Други својства се противзасирувачки ефект, хемоконцентрација и крварење. Каснувањето од поскок предизвикува болка, отекување и промена на бојата, кои можат да се јават веднаш. Може да се јави и вртоглавица.

Луѓето, глувците и птиците веднаш реагираат на каснување од поскокот, додека пак гуштерите се помалку засегнати, а водоземците дури можат и да преживеат.

Отровот на поскок се користи за добивање на противотров од каснувања на други европски змии и за оваа намена постојат посебни одгледувалишта.