Британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила ќе ги посетат Италија и Ватикан во април, вклучително и средба со папата Франциско, и покрај неговата болест, објави Би-Би-Си.
Бакингемската палата соопшти дека посетата е планирана од 7 до 10 април.
Кралот приватно испратил писмо до папата кога му се слошило, но сликата објавена од Ватикан за време на викендот покажала дека 88-годишниот понтиф полека закрепнува.
Покрај средбата со папата, кралот ќе присуствува и на екуменска служба во Сикстинската капела.
Исто така, како што соопштија од Палатата, кралот за прв пат ќе ја посети базиликата Свети Павле надвор од ѕидовите.
Кралевите уште од англосаксонската ера ја поддржувале и финансирале оваа црква, каде што е погребан свети Павле.
Посетата има и лична димензија, бидејќи се совпаѓа со 20-годишнината од бракот на кралот и кралицата.
Најавената посета ќе ги поддржи модерните односи меѓу Велика Британија и Италија, нагласувајќи ги „заедничките вредности, историја и култура“, посочува Би-би-си.
Вклучува италијанска кујна, а како увертира за посетата, кралот приреди вечера во неговиот имот Хајгроув.
Кралот ќе се сретне со претседателот и премиерот на Италија и ќе стане првиот британски монарх кој ќе им се обрати на членовите на двата дома на италијанскиот парламент.
Во Равена, кралската двојка ќе го посети гробот на италијанскиот писател Данте Алигиери, додека кралицата ќе го посети музејот посветен на поетот Лорд Бајрон, пренесува Танјуг.