Портокалово предупредување за невреме со грмотевици во Куманово

Сподели со своите пријатели

Портокалово предупредување за опасност од невреме со грмотевици е издадено за регионот на Куманово за денеска од страна на Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

 

 

Времето денеска низ кумановско ќе биде облачно со врнежи од дожд и грмежи, а ќе дува и слаб до умерено засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 26 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Како што информираше вчера УХМР, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во текот на оваа седмица ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  26 Меѓународен фестивал на афоризмот и карикатурата „Струмица 2025“ во Куманово

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи, силен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град.

До петок ќе дува умерен до засилен јужен ветер и температурите ќе бидат без поголема промена, а од сабота со засилен северен ветер ќе бидат во опаѓање.

Никола Ивановски