Поранешниот украински претседател Петро Порошенко изјави дека моментално се активни „само 30 отсто од бригадите“ резервирани за контраофанзива.
Тој додаде дека се загрижени поради недостатокот на воздушна доминација на Украина и супериорните руски борбени авиони и противвоздушна одбрана.
„Сепак, и покрај сето тоа, покажавме напредок за време на оваа контраофанзива. Го изненадивме светот, направивме чудо и ја запревме втората по големина нуклеарна сила во светот. Русија е многу силна, но не се сомневам во нашата победа “, рече Порошенко, а пренесува Скај њуз.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.