Судот во Боливија ја прогласи поранешната претседателка Жанин Ањес за виновна за организирање на пуч, со кој дојде на власт за време на политичката криза во 2019 година, и ја осуди на десет години затвор.
Судот ја прогласи Ањес (54), која ја водеше Боливија од 2019 до 2020 година по Ево Моралес, виновна за носење одлуки неуставни и занемарување на нејзините должности.
Обвинителството соопшти дека Агнес, поранешна десничарска сенаторка, ги прекршила нормите кои го гарантираат уставниот и демократскиот поредок по претседателските избори во Боливија во 2019 година, пренесува Ројтерс.
Ањес постојано тврдеше дека е жртва на политичка одмазда, додава Би-Би-Си.
Моралес поднесе оставка и побегна од Боливија откако шефот на кабинетот побара од него да поднесе оставка по протестите поради наводите дека изборите биле наместени.
Судот го осуди и поранешниот воен командант и поранешен началник на полицијата.
Судот соопшти дека Ањес ќе ја отслужи казната во женскиот затвор во Ла Паз.
Ањес беше уапсена во март 2021 година.