Педесет и четиригодишен И.А. од селото Опае, Општина Липково, поранешен вработен во Агенцијата за катастар на недвижности – Куманово, заработи две кривични пријави поради постоење основи на сомнение дека сторил „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, ифнормираат од Министерството за внатрешни работи.
Имено, пријавениот, во два наврати на 05.03.2012 година и 19.03.2012 година, како самостоен референт-Геодет во Агенцијата за катастар на недвижности – Куманово, ја злоупотребил својата службена положба и овластување, со намера на лицето М.С. да му овозможи стекнување со противправна имотна корист. Истиот во агенцијата оформил предмет за наводна исправка на техничка грешка по службена должност за две катастарски парцели во катастарска општина Мглинце, со вкупна површина од 32.951 м², кои биле со неутврдено право на сопственост без никаков правен основ.
Со изготвување на Потврдите за исправка на техничка грешка, внел невистинити податоци за сопственост на истите, а потоа истите ги заверил со свој потпис и ги спровел во електронски систем на Агенцијата за катастар, со што лист број 92 во сопственост на М.С.
Кривичните пријави се поднесени од Секторот за внатрешни работи Куманово.