Поранешен руски премиер: Започна крајот на војната во Украина

Сподели со своите пријатели

Поранешниот руски премиер изјави дека на повидок е крајот на војната во Украина и оцени дека Москва почнува да ја губи војната.

Loading...

Во интервју за Sky News, Михаил Касјанов рече дека повлекувањето на руските војници од Харков и Херсон е „демонстрација дека Путин ја губи војната“.

„Мислам дека за неколку месеци тоа ќе биде последниот чин“, рече Касјанов, додавајќи дека „јасно е дека Путин не сака да запре. Тој го опиша рускиот претседател како фанатик.

И покрај тоа, поранешниот руски премиер заклучи дека „почетокот на крајот е веќе започнат“.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...