Поранешен член на Вагнер: Оние што не сакаа да се борат, ги стрелаа

Сподели со своите пријатели

Андреј Медведев, поранешен член на руската платеничка група Вагнер, во интервју за Си-Ен-Ен призна дека бруталноста на која бил сведок во Украина на крајот го принудила да пребега.

Loading...

Тој рече дека членовите на Вагнер често биле испраќани во битка без никакви инструкции и дека приватната воена компанија безмилосно се однесувала со сите оние регрути кои неволно влегле во битка.

„Оние кои не сакаа да се борат, ќе беа собрани и стрелани пред новодојденците. Тие донесоа двајца затвореници кои одбија да се борат и ги застрелаа пред сите и ги закопаа во рововите ископани од регрутите“, опиша Медведев, кој интервјуто го дал од норвешки Осло, каде што бара азил откако ја преминал арктичката граница на таа земја од Русија.

26-годишниот Медведев тврди дека претходно служел во руската армија пред да му се придружи на Вагнер како волонтер.

Тој заминал за Украина помалку од десет дена по потпишувањето на договорот во јули 2021 година, служејќи во близина на Бахмут, град на првата линија во регионот на Доњецк.

Групата платеници на кои и припаѓаше се наметна како многу важен актер во руската инвазија на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

„Немаше конкретни наредби“

Медведев рече дека им одговорил директно на основачите на групата, Дмитриј Уткин и рускиот олигарх Евгениј Пригожин, кого го нарекува „ѓаволот“.

„Да беше руски херој, ќе земеше оружје и ќе се бореше заедно со војниците“, смета поранешниот Вагнеровец.

Loading...

Пригожин претходно потврди дека Медведев служел во неговата група, додавајќи дека „требаше да биде кривично гонет за обид за злоупотреба на затвореник“.

Поранешниот Вагнеровец во интервјуто не сакал да коментира што правел додека се борел во Украина.

Тој истакна дека на Вагнер му недостасува воена стратегија и дека војниците правеле планови во лет.

„Немаше вистинска тактика. Ќе добивавме само податоци за позицијата на непријателот… Немаше конкретни наредби за тоа како треба да се однесуваме. Сами планиравме како ќе одиме, чекор по чекор. Кој ќе пука… Како сè ќе испадне дека е наш проблем“, опиша тој.

„Имаше се повеќе мртви тела“

Тој истакнува дека при бегството „најмалку десет пати“ избегнал апсење и куршуми од руските сили.

Тој тврди дека преминал во Норвешка преку ледено езеро користејќи бела камуфлажа за да се вклопи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“

Тој рече дека веќе на шестиот ден од престојот во Украина знаел дека не сака повеќе да се враќа таму бидејќи бил сведок дека војниците се користат како „топовско месо“.

Почнал со 10 мажи под негова команда, а тој број пораснал откако на затворениците им било дозволено да се приклучат.

Loading...

„Имаше се повеќе мртви тела и се повеќе и повеќе луѓе доаѓаа. На крајот имав многу луѓе под моја команда. Не можев да избројам колку. Тие беа во постојан оптек. Мртви тела, повеќе затвореници, повеќе мртви тела, повеќе затвореници“, објасни Медведев.

„Видов храброст од двете страни“

Групите за човекови права претходно објавија дека на затворениците кои се предале им било кажано на нивните семејства ќе добијат исплата од пет милиони рубљи (71.000 долари) доколку бидат убиени во војната.

Сепак, Медведев е убеден дека во реалноста „никој не сакал да плати толку пари“.

Тој изјави дека многу Руси кои загинале борејќи се во Украина се „прогласени за исчезнати“.

Тој призна дека за време на војната видел храброст кај двете конфликтни страни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

„Знаете, видов храброст и од двете страни, и од украинската страна, и нашите момци исто така… Сакам само да го знаат тоа“, рече тој.

Тој додава дека одлучил да ја сподели својата приказна за да помогне да се изведат Пригожин и рускиот претседател Владимир Путин пред лицето на правдата.

„Ме направија похрабрар“

„Порано или подоцна пропагандата во Русија ќе престане да работи, луѓето ќе се кренат и сите наши лидери ќе бидат фатени и ќе се појави нов лидер“, е убеден тој.

Loading...

Групацијата Вагнер ги прошири своите операции на глобално ниво од своето основање во 2014 година и беше обвинета за воени злосторства во Африка, Сирија и Украина.

Медведев одговори на прашањето дали се плаши дека ќе ја доживее судбината на Евгениј Нужин, уште еден дезертер на Вагнер, кој беше убиен со чекан пред камерите.

Тој нагласува дека токму ова убиство го поттикнало да си замине.

„Само би рекол дека тоа ме направи похрабар, порешителен да одам“, заклучи тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.