Во делови на Киев и во уште три украински региони утрово превентивно е исклучена струјата поради новиот бран руски ракетни напади, соопшти приватната електроенергетска компанија ДТЕК.
Loading...
„Тоа е превентивна мерка што ќе спречи големи оштетувања на електричната инфраструктура доколку непријателските проектили стигнат до целта“, соопшти групата на Телеграм.
Освен во главниот град, исклучување на мрежата има и во Одеса и Днепропетровск.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.