Поради поплавите раселени 40.000 луѓе во Бангладеш

Сподели со своите пријатели

Поплавите што го погодија Бангладеш однесоа многу куќи и мостови и раселија најмалку 40.000 луѓе, соопштија денеска властите.

Loading...

Многу училишта се затворени, а метеоролозите најавија нови обилни врнежи во наредните денови, што дополнително ќе ја влоши ситуацијата, пренесува Ројтерс.

Формирани се повеќе од 600 медицински тимови за помош на загрозените.

„Презедовме мерки за справување со ситуацијата“, изјави директорот на службите за итни случаи во Бангладеш, Резванул Рахман, пренесува Танјуг.

Сезоната на монсуните, која започнува на крајот на мај, предизвика поплави во Индија и соседен Бангладеш.

Во последните 24 часа шест лица го загубија животот во Индија како последица на поплавите, па бројот на жртвите во државата Асам од мај се зголеми на 72.

На повеќе од два милиони луѓе им се закануваат поплави во таа индиска држава.

 

Loading...