Поради одрон, во четврток ќе се врши гео – истражување на ул. Ѓорче Петров

Сподели со своите пријатели

Како што информира Секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животна средина при Општина Куманово, поради решавање на проблемот – појава на одрони во близина на семејни објекти, сместени на ул. Ѓорче Петров, зад местото викано “Коки проширење”, потребно е да се извршат гео – истражувачки работи.

Loading...

Заради тоа, во четврток /17 септември/, во периодот од 6 до 18 часот, неасфалтираната површина на улицата од тој дел ќе биде непроодна поради поставување машина со која ќе се вршат гео – истражувачките работи.

Во случај граѓаните да имаат било какви прашања, може да се обратат до заменикот – раководител на Секторот за урбанизам, Момчило Јовановски на тел. број 070-258 964.