Помогнете им на вашите деца кога патат поради љубовта

Сподели со своите пријатели

Вашиот тинејџер во последно време слуша тажни љубовни песни, кога нешто ќе го прашате е отсутен, нема апетит, се затвора во соба…? Многу е веројатно дека се вљубил и поради тоа пати.

Loading...

Тоа се само некои од симптомите на тинејџерската љубовна мака, која можекогаш може да доведе до многу длабоки и сериозни последици.

Иако возрасните на тоа обично не обрнуваат внимание и се во стилот „ќе помине само од себе“, експертите сметаат дека е неопходно во тие моменти со нив топло и нежно да се разгорава.

Ана Кандаре Шољага, докторка и авторка на книгата „Тинејџери – практичен водич за родителите“, предупредува дека да се биде оставен на 14 години е потешко отколку на 30. Затоа вели дека е важно родителите да се најдат како пријатели и поддршка во вакви ситуации, а некако „полицајци“.

– Ако тргнете со пристапот на внесување страв, ќе ја затворите комуникацијата, сериозн ќе го нарушите односот со вашето дете. Важно е со него да разговарате и по раскинувањето да го поддржите, затоа што да се биде оставен на таа возраст може да биде многу опасно, советува таа.

Leave a Reply