Помилуван поранешниот претседател на Јужна Кореја

Сподели со своите пријатели

Поранешниот јужнокорејски претседател Ли Мјунг Бак, кој беше осуден на 17 години затвор за корупција, денеска доби претседателско помилување, соопшти министерот за правда во Сеул.

Loading...

Ли е на списокот од повеќе од 1.300 осуденици кои добија специјално помилување „во рамките на поширокото национално единство преку помирување, толеранција и почитување“, изјави министерот Хан Донг-хун за новинарите по состанокот на Советот на министри со шефот на државата Јун Сук-Јол.

Ли требаше да ја одлежи затворската казна до 2036 година, кога ќе наполнеше 95 години.

Во јуни, Ли беше условно пуштен од затвор, со кауција, поради неговата возраст и болест.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Милијардерка осудена на смртна казна поради корупција: Може да ја избегне само ако ги врати украдените пари