Поранешниот јужнокорејски претседател Ли Мјунг Бак, кој беше осуден на 17 години затвор за корупција, денеска доби претседателско помилување, соопшти министерот за правда во Сеул.
Loading...
Ли е на списокот од повеќе од 1.300 осуденици кои добија специјално помилување „во рамките на поширокото национално единство преку помирување, толеранција и почитување“, изјави министерот Хан Донг-хун за новинарите по состанокот на Советот на министри со шефот на државата Јун Сук-Јол.
Ли требаше да ја одлежи затворската казна до 2036 година, кога ќе наполнеше 95 години.
Во јуни, Ли беше условно пуштен од затвор, со кауција, поради неговата возраст и болест.