Полскиот парламент го отфрли ублажувањето на законите за абортус

Сподели со своите пријатели

Полскиот премиер Доналд Туск и неговата центристичка коалициска влада претрпеа пораз во парламентот, каде нацрт-законот што требаше да го ублажи строгиот закон против абортусот беше отфрлен со тесно мнозинство.

Loading...

За отфрлање на нацртот за либерализација на абортусот гласаа 218 пратеници, против беа 215 пратеници, а двајца беа воздржани, пренесе АП.

Либерализацијата беше клучен елемент во програмата на Туск за промена на политиките на претходната десничарска влада што предизвика масовни протести.

Сепак, дел од пратениците од пошироката владејачка коалиција, особено мнозинството пратеници од Полската народна партија, но и некои други гласаа против промената, откривајќи пукнатини во владејачкиот блок.

Три гласа недостигаа и од сопствената партија на Туск, а изнервираниот премиер вети последици.

Од 460 места во Долниот дом, или Сејм, клубот на Граѓанската коалиција на Туск има 157 места, членовите на коалицијата Трет пат и Аграрната партија имаат уште 63 гласа, додека сојузничката левица дава уште 23 гласа, со цел заеднички да обезбедат мнозинство.

Пратениците од левицата, кои го промовираа нацртот, ветија дека ќе го поднесат повторно додека не биде усвоен.

Конзервативниот претседател Анджеј Дуда, кој беше сојузник со претходната десничарска партиска влада Право и Правда, оваа недела, сепак, рече дека нема да ја потпише либерализацијата бидејќи за него абортусот значи убивање луѓе.

Loading...

Абортусот е дозволен во Полска до 12-та недела од бременоста, ако тоа го загрозува здравјето или животот на жената или кога бременоста е резултат на силување или инцест.