Полска: Веројатно ќе ѝ дозволиме на Украина пристап до местото на експлозијата

Сподели со своите пријатели

Советникот на полскиот претседател за надворешна политика, Јакуб Кумоч, изјави дека земјата најверојатно ќе им дозволи на украинските истражители пристап до местото на експлозијата во југоисточна Полска, каде што две лица загинаа во ракетна несреќа.

Loading...

„Украинците побараа пристап до местото на истрагата. Доколку двете страни се согласат, а колку што знам, нема да има приговори од американската страна, таков пристап наскоро би можел да се добие“, изјави Кумоч, пренесува Ројтерс.

Полскиот претседател Анджеј Дуда вчера изјави дека за давање пристап до местото на експлозијата ќе биде потребна согласност од двете земји кои ја водат истрагата, Полска и САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски им се заблагодари на САД за пакетот помош за Украина

Кумоч рече дека Полска има видео доказ за експлозијата.

„Видео материјалите навистина постојат, не би сакал да зборувам за содржината до која имав пристап“, рече Кумоч.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.