Полициски час за Куманово побара Општинскиот штаб за заштита и спасување

Сподели со своите пријатели

Воведување полициски час уште од вечерва на територијат ана Општина Куманово побара од Владата,  Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување.

Loading...

Полицискиот час би траел од 20:00 до 05:00 часот, појасни градоначалникот Максим Димитриевски, кој е командант на штабот.

Штабот ѝ предлага на Владата на Република Северна Македонија да се воведе полициски час (20.00-05.00 часот) на територија на Општина Куманово, со посебни исклучоци за лица, кои имаат потреба од делување, потврдено со соодветно овластување од надлежни органи, рече градоначалникот на денешната вонредна седница.

– Куманово како град ниту Македонија како држава не смееме да дозволиме да запре, должни сме да се бориме против оваа светско зло и верувам и убеден сум дека со сотанатите капацитети и човечкиот потенцијал ќе го надминеме овој проблем, паралено со тоа, општинскиот штаб за заштита и спасување и предложи на Владата, да воведе полициски час во општина Куманово уште од денеска од 20 часот до 5 часот и раните утрински часови, да се огрнаичи движењето на граѓаните и луѓето освен за лица кои имаат професионални потреби и кои ќе добијат специјални птореби и областувања додека трае полициски час, изјави Димитриевски.

Никола Ивановски


Leave a Reply