Полицијата во САД откри 35 украдени луксузни автомобили

Сподели со своите пријатели

Кражбата на автомобили е прилично вообичаено кривично дело во Соединетите држави, имајќи предвид дека ФБИ проценува дека само во 2019 година во таа земја биле украдени 721.885 моторни возила. Мета на крадците се сите категории на автомобили, од најевтините до најскапите на четири тркала.

Loading...

Голем број возила никогаш нема да се најдат, но има и позитивни вести, како оваа од Калифорнија. Властите во таа сојузна држава објавија дека на еден приватен имот пронашле 35 украдени луксузни возила.

 

 

Полициска рација уследи по двомесечната истрага за кражба на „голем број луксузни возила“. Властите не навлегуваа во детали, но соопштија дека минатата недела била извршена претрес во долината Сан Фернандо, што довело до откривање на неколку украдени возила, меѓу коиАстон Мартин, Бентли Континентал ГТ и Шевролет Корвета Ц8.

На фотографиите објавени од полицијата се гледаат и возила Мерцедес и БМВ. Целосната листа на модели не е објавена, но се наведува дека меѓу пронајдените возила се и автомобилите Јагуар, Ленд Ровер, Лексус и Порше. Се проценува дека вкупната вредност на пронајдените возила е приближно 2,3 милиони долари.

Истрагата е во тек, но претресот резултираше со едно апсење, како и заплена на огнено оружје, а во затворен простор беа откриени насади со марихуана со повеќе од 400 растенија.

Loading...

 

 

Полицијата истакна дека „осомничените за кражба на возила често се вклучени во други кривични дела, вклучувајќи поседување оружје, трговија со дрога и други насилни кривични дела“.