Полицијата викендов казнила 96 лица во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 96 казни изрекла полицијата во текот на изминатиот викенд во Куманово.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд СВР Куманово продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На подрачјето  на СВР  Куманово изречени се вкупно  96  мерки, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Меѓу казните најмногу се за возење повеќе од дозволената брзина односно 72 санкции и 24  санкции за возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце