Г.Н. (28), државјанин на Република Грција. се обидел да шверцува 33 мигранти без документи, при што бил запрен од страна на полициските службеници на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на тунелите кај Демир Капија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Настанот се случил вчера околу 20:40 часот кога полициските службеници го стопирале товарното моторно возило марка „Мерцеде Спринтер“ со бугарски регистарски таблички управувано од грчки државјанин.
Притоа во возилото биле пронајдени 33 мигранти без документи. Лицето и мигрантите се приведени во Полициска станица од општа надлежност Неготино, а на 12.02.2016 година ќе биде спроведен до Основното јавно обвинителство за гонење на сторители од областа на организираниот криминал и корупција и основниот суд Скопје-1 во Скопје, додека мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци, стои во билтенот на МВР.