Полицаец од СВР Куманово спаси жена давеник на градскиот кеј

Сподели со своите пријатели

Некаде после 16 часот, полицаец од СВР Куманово, успеал да спаси повозрасна жена, која според првичните информации од полицијата во Куманово, ненадејно се лизнала и паднала во водите на река Кумановка на градскиот кеј.

Loading...

Униформираниот полицаец скокнал во реката, кога по дојава од случајни минувачи било пријавено дека во водите се наоѓа непознато женско лице.

На лице место биле повикани и екипи на Територијалната противпожарна единица и на Итна помош Куманово. Жената била пренесена во одделнието за хирургија, информираа од Итна Помош Куманово.

Leave a Reply