Чарлс Трети и формално беше прогласен за нов британски крал на денешната церемонија пред Советот за пристапување во палатата Сент Џејмс во Лондон.
Loading...
Една од првите одредби на новиот крал е дека денот на погребот на неговата мајка ќе биде државен празник.
Имено, кралот Чарлс III одобрил денот на погребот на кралицата да биде државен празник во Велика Британија.
Датумот на погребот сѐ уште не е потврден, но се очекува да биде понеделник, 19 септември.