Разговорот меѓу претседателот на Украина Володимир Зеленски и лидерот на Кина Си Џинпинг е планиран и во негова организација се вклучени кабинетот на украинскиот претседател и Министерството за надворешни работи, изјави денеска советникот во кабинетот на Зеленски Михаил Подољак.
Истовремено, Подољак изјави дека постојат одредени потешкотии во организирањето на разговорите меѓу Зеленски и Си, поради, како што наведе, „отсуството на јасна позиција на Кина во моментов за степенот на нејзиното учество во решавањето на воени прашања меѓу Украина и Руската Федерација“, пренесува Интерфакс Украина.
„Ова е доста тешко. Постои прашање дека Кина сè уште не го најде своето ново политичко место. Односно, дали сака да го преземе прашањето за решение меѓу Русија и Украина или претпазливо ќе застане настрана. Колку што разбрав, Кина сè уште не го сфатила тоа сама“, рече тој.
Коментирајќи ги разговорите меѓу Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин, одржани во Москва од 21 до 22 март, Подољак рече дека тие во основа не разговарале за војната во Украина и за мировниот план на Кина, туку дека разговорите биле посветени на економијата.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.