Подметнала пожар во ученички дом бидејќи ѝ го одзеле телефонот, загинаа 19 деца

Сподели со своите пријатели

Пожар во интернат во Гвајана, во кој загинаа 19 деца, го подметнала ученичка откако управата на домот ѝ го одзела мобилниот телефон, соопшти полицијата.

Loading...

Пожар зафатил дом за ученици во училиште во Махди, град во централниот дел на јужноамериканската земја Гвајана во понеделникот околу полноќ, а повеќето од децата, од кои најмалото имало пет години, починале на лице место, пренесува Ројтерс.

Ученичката е осомничена дека подметнала разорен пожар бидејќи дежурните наставници ѝ го одзеле мобилниот телефон“, се вели во вчерашното полициско соопштение.

Градоначалникот на Махди Дејвид Адамс претходно за Ројтерс ја потврди наводната вмешаност на ученичката и објави дека таа не е повредена во пожарот.

Тој додаде дека не може да потврди дали ученичката е во притвор, а во полициското соопштение не се споменува апсењето, наведува британската агенција.

Скоро 30 други деца се хоспитализирани поради повредите здобиени во овој пожар.

Специјалисти за изгореници, психијатри и друг медицински персонал ги лекувале повредените деца и нивните семејства, соопштија здравствените власти.

Претседателот Ирфан Али во понеделникот по посетата на болницата во Махди се состана со родителите на жртвите и прогласи тридневна национална жалост.

Loading...