Почнува судењето за терористичкиот напад во Брисел од 2016 година

Сподели со своите пријатели

Денеска во Брисел почнува судењето на десетмина осомничени за нивната улога во терористичките напади на исламисти во 2016 година, во кои загинаа 32 лица, а стотици беа повредени.

Loading...

На 22 март 2016 година, бомбаши самоубијци нападнаа аеродром и метро станица, во време кога Европа веќе беше на работ од претходните напади.

Осуммина осомничени се обвинети за терористичко убиство, обид за терористичко убиство и учество во активности на терористичка организација, додека деветтиот е обвинет само за последното дело, јави белгиската новинска агенција Белга.

На едно лице ќе му се суди во отсуство и се претпоставува дека починало во Сирија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина испраќа тројца астронаути во вселенската станица како дел од програмата на Месечината

Најистакнат обвинет е Салах Абдеслам, кој минатиот јуни веќе беше осуден на доживотен затвор за неговата вмешаност во нападите во Париз во ноември 2015 година, како и 20 години затвор во одвоено судење за пукање во полицијата непосредно пред неговото апсење во 2016 година.

Судењето ќе се одржи во поранешната централа на НАТО за да има доволно простор за повеќе од 900 обвинители и меѓународни медиуми.

Започнува во понеделник со прелиминарно рочиште каде и официјално ќе биде потврдена листата на сведоци.

Обвинетите не се обврзани да присуствуваат на ова рочиште.

Loading...

Судењето е закажано да продолжи на 10 октомври, кога ќе бидат објавени членовите на поротата, пред да почнат рочиштата на 13 октомври.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставници на Северна Кореја во посета на Иран