Почина кувајтскиот емир шеик Наваф ал Ахмад ал Сабах, јави денеска кувајтската државна телевизија.
Редовната програма на кувајтската државна телевизија ненадејно беше прекината со читање стихови од Куранот, што во оваа земја сигнализира за можна смрт на член на владејачкото семејство, пренесува Ројтерс.
Кувајтскиот емир Шеик Наваф ал Ахмад ал Сабах (86) бил примен во болница на крајот на ноември на итен медицински преглед.
„Со голема тага жалиме за смртта на шеикот Наваф ал-Ахмад ал-Сабах, емирот на државата Кувајт“, се вели во соопштението на судот, што беше емитувано на државната телевизија, пренесува Ал Џезира.
Шеикот Наваф положи заклетва во септември 2020 година по смртта на неговиот полубрат, шеикот Сабах ал-Ахмад ал-Џабер ал-Сабах, кој почина во САД на 91-годишна возраст.