Победниците на Евровизија го продадоа пехарот

Сподели со своите пријатели

Пехарот што го освоија како претставници на Украина со победата на овогодинешната Евровизија, бендот Калуш оркестар го продаде на хуманитарна аукција за 900.000 долари, а парите ќе бидат наменети за купување на три беспилотни летала за Вооружените сили на Украина.

Loading...

 

Лидерите на ЕУ денеска на состанок, тема – УКРАИНА

 

„Пријатели, вие сте неверојатни! Благодарни сме на секој од вас кој донира средства за оваа аукција, а особено на тимот на Whitebit кој го купи трофејот за 900.000 долари и отсега стана негов сопственик. Претплатете се на нив, тие навистина го заслужуваат тоа. Слава на Украина! Слава на вооружените сили на Украина“, беше објавено на Фејсбук профилот на оваа група, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Чет-ботот на Google, Gemini, може да ги запомни личните податоци на корисниците

 

 

Loading...

Групата стана победник на Евровизија 2022 година со песната „Стефанија“.

Водачот на оваа група, Олег Псјук од евровизиската сцена, го повика светот да им помогне на бранителите на Мариупол и Азовстал.

 

ЕУ сѐ уште без договор за ембарго на руска нафта

 

Подоцна, Псјук вети дека ќе им помогне на украинските вооружени сили со продажба на трофејот што го освои групата, пренесува Укринформ.

 

Loading...