По убиството на Дарија Дугина се огласи и Стејт департментот

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, одговарајќи на прашање за убиството на ќерката на рускиот ултранационалист Дарија Дугина, рече дека САД го осудуваат намерното таргетирање цивили без разлика каде тоа се случило.

Loading...

Прајс одби да каже дали Вашингтон знае кој стои зад нападот, но рече дека не се сомнева дека Русија ќе донесе одредени заклучоци.

За тоа време Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) ја обвини украинската тајна служба за убиството на Дугина.

Инаку, Дарија е ќерка на десничарскиот идеолог Александар Дугин, кој е поврзан со Кремљ и е гласен поддржувач и пропагатор на инвазијата на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина ги отфрли обвинувањата дека економски ја поддржува руската инвазија на Украина

Украинците негираа каква било поврзаност со убиството на Дугина.

Таа настрада кога возилото со кое патуваше експлодираше во московскиот регион.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.