По повод празникот на жртвувањето, Курбан Бајрам, на првиот празничнен ден, активистите од Културно Хуманитарната Организација “Мерхамет” сервираа бајрамска трпеза и заедно со бегалците кои од Гевгелија со воз пристигнуваат на граничниот премин Табановце, заедно го прославија првиот празничен ден.
На бегалците им беа поделени пакети со храна, а за децата освен храна, имаше и празнични пакетчиња со играчки.
Бегалците беа воодушевени со пречекот, а и благодарни во истовреме, затоа што сепак некој мисли на нив и на дочек на празникот во повесел и погрижлив амбиент, вели Беким Алиу, активист на КХО “Мерхамет”.
Соочувајќи се со бегалскиот бран, низ Македонија од 19 јуни до 24 септември, според податоците на МВР, издадени се вкупно 94.842 потврди за странски државјани, кои бегалци и мигранти во меѓувреме се пречекани и испратени од граѓански активисти на повеќе невладини организации, како и тимовите на Црвен Крст.