Плато за „street workout“ е поставено кај спортскиот комплекс Соколана, односно веднаш до неодамна реконструираниот паркинг простор.

Како што информираше градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, екипи на Јавното претрпијатие „Чистота и зеленило“ извршиле и садење на нови висококвалитетни садници на истата локација.

Пред неколку дена заврши реконструкцијата на паркинг просторот на истата локација.

Претходно кај комплексот беа реконструирани двете игралишта, а паралелно се одвива и реконструкцијата на внатрешноста на Спортската сала Соколана.



Никола Ивановски

