Питон во Австралија каснал момче и го одвлекол во базен

Сподели со своите пријатели

Питон во Австралија вчера нападнал петгодишно момче. Го каснал, се замотал околу него и го одвлекол во базенот.

Loading...

За среќа, го спасиле неговиот татко и дедо.

Бо Блејк си играл во дворот во близина на базенот, кога наеднаш го нападнала змија долга десет метри и го одвлекла во водата.

Неговиот дедо го видел ова, скокнал во базенот и ги извлекол момчето и питонот кои сѐ уште биле заплеткани.

Тогаш таткото го ослободил малото од стисокот на змијата.

По инцидентот, кој се случи во Нов Јужен Велс, Бо се здобил со полесни повреди.

„Кога ја исчистивме крвта и му рековме дека нема да умре бидејќи тоа не е отровна змија, тој беше добро. Тој е вистински војник“, рекол неговиот татко Бен денес за радио станицата 3AW од Мелбурн, како што пренесува Би-Би-Си.

Неговиот дедо Алан вели дека момчето се движело во близина на работ на базенот.

Loading...

„Верувам дека питонот веќе беше таму и чекаше да дојде жртва. Видов голема црна сенка како излезе од грмушката и набрзо питонот беше завиткан околу неговите нозе”, рекол неговиот 76-годишен дедо Алан.

Таткото на момчето вели дека успеал да го ослободи својот син од змијата за 15-20 секунди.

„Го држев питонот уште десет минути и се обидов да ги смирам децата. После тоа го пуштив назад во дивината. Нормално е да се видат питони овде бидејќи ова е Австралија”, рекол Бен.