Писториус: Германската армија не е способна да ја заштити земјата

Сподели со своите пријатели

Бундесверот не е во состојба да ја заштити Германија во случај на воена состојба, бидејќи има слаба материјална база и недоволен број на персонал, призна германскиот министер за одбрана Борис Писториус на конгресот на фракцијата на Социјалдемократската партија на Германија во Бундестагот.

Loading...

– Немаме вооружени сили кои се способни за одбрана, односно кои можат да заштитат од офанзивна, жестока војна – рече Писториус.

Според него, Германија мора да инвестира повеќе средства во модернизација на армијата, бидејќи земјата има обврски, вклучително и кон другите членки на НАТО.

– Мораме да ги пополниме празнините што се појавија во последните 30 години – рече министерот.

Меѓу недостатоците во Бундесверот, Писториус го наведе недостатокот на персонал, опрема и оружје што треба да се пополнат по испраќањето во Украина.

– Колку и да звучи цинично за некои, германското оружје сега спасува животи во Украина – додаде тој.

Претходно германскиот министер најави дека Берлин идниот месец ќе и испорача на Украина уште два системи за воздушна одбрана „Ирис Т“.

Германските власти претходно најавија дека на Украина ќе и испорачаат 14 тенкови Леопард 2, а на другите земји ќе им дадат дозвола да ги предадат германските тенкови од нивните залихи на Киев. Според зборовите на германскиот министер за одбрана, тенковите „Леопард 2“ ќе бидат испратени во Украина „до крајот на март“.

Loading...