Државниот секретар во министерството за внатрешни работи Сашо Петрушевски ја предводи македонската делегација на регионалниот состанок против трговија со луѓе кој од 7ми до 8ми април ќе се одржи во Будва, Црна Гора.
– Ми претставува особена чест да ја предводам македонската делегација како Државен секретар на МВР и Национален координатор за борба против трговијата со луѓе на Годишниот состанок на ударните групи од регионот на Западен Балкан што се одржува на 7 и 8 април 2025 година во Будва, Црна Гора,“ Петрушевски, нагласувајќи ја важноста на регионалната соработка во справувањето со сериозните безбедносни предизвици.
Настанот е организиран од страна на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во рамки на регионален проект „Заеднички активности на земјите од регионот на Западен Балкан против криумчарење на мигранти и трговија со луѓе (WBJAST), финансиран од Министерството за надворешни работи на Данска“ во насока на зајакнување на напорите за сузбивање на трговијата со луѓе и криумчарењето на мигранти, како и унапредување на регионалната соработка.