Петрушев: Киев продолжува да го гранатира Запорожје

Сподели со своите пријатели

Секретарот на рускиот Совет за безбедност, Николај Петрушев, денеска изјави дека украинските сили продолжуваат со гранатирање на нуклеарната централа во Запорожје и покрај посетата на делегација на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Loading...

„Украинските неонацистички сили продолжуваат да го гранатираат Запорожје со употреба на оружје добиено од Запад, што може да предизвика глобална катастрофа. За жал, посетата на делегацијата на МААЕ не доведе до крај на нападите и меѓународна осуда на режимот во Киев.

Патрушев ова го рече на состанокот на шефовите за безбедност на Комонвелтот на независни држави (ЗНД), пренесува ТАС С.

Тој додава дека руските сили спречиле терористички напад на Запорожје.

„Добивме информации дека нашите специјални служби спречиле терористички напад на нуклеарната централа Запорожје“, рече Петрушев.

Петрушев изјави и дека Украина подготвува „валкана бомба“ со поддршка на Западот и дека безбедносната ситуација може да излезе од контрола доколку Киев не престане со намерата да го употреби тоа опасно оружје.

„Според достапните податоци, Украина работи на создавање на „валкано” нуклеарно оружје. Ние веруваме дека овој процес се одвива со учество на западни патрони. Затоа, изразуваме многу сериозна загриженост. Тоа е опасна ситуација која се заканува да се претвори во глобална катастрофа, ако не и да престане“, заклучи секретарот на рускиот Совет за безбедност.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...