Петнаесетта година по ред: ОО на ЛДП даруваше преку 20 единици крв (видео)

Сподели со своите пријатели

Во низата активности по повод одбележувањето на 18 -тиот роденден на Либералнодемократската партија, денес членовите на ОО на ЛДП Куманово, во Центарот за трансфузиологија при Општа Болница даруваа крв, акција која традиционално се спроведува од страна на либералдемократите, соопшти Зоран Павловски, претседател на кумановската општинска организација на ЛДП.

Loading...

–  ЛДП е прва партија која почнувајќи од 2000 година, започна со првите крводарителски акции на ниво на партиите во Куманово. На денешната акција имаме присуство и на млади членови на ЛДП, и очекуваме да собереме повеќе од 20 единици крв, вели Павловски.

Учество на денешната акција земаа и членовите на ЛИДЕМ, вели претседателот на подмладокот на ОО на ЛДП Куманово, Давид Цаневски.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *