Петмина исчезнати во поплавата во италијанскиот Бардонекија, 120 раселени

Сподели со своите пријатели

Пет лица се водат за исчезнати, а околу 120 се раселени откако обилните дождови предизвикаа излевање во италијанскиот град Бардонекија, во областа Торино, на неколку километри од границата со Франција.

Loading...

Нема извештаи за загинати, а едно лице е полесно повредено, пишува La Repubblica.

Порој од вода, кал и камења ја поплави Бардонекија, иако во самиот град немаше дожд, а поплавата беше предизвикана од лизгање на земјиштето кое се случи на голема надморска височина за време на силно невреме.

Многу области се изолирани бидејќи телефоните не работат, а во некои области нема гас и вода.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија

Бранот кал, камења и шут ја оштети полициската станица и хотелот, а поројот однесе дваесетина автомобили.

Спасувачките екипи се на терен.

Општината Бардонекија отвори оперативен центар и одлучи да ја искористи спортската сала за да ги смести луѓето кои можеби ќе треба да ги напуштат своите домови.

Во моментов, пристапот до Бардонекија е практично невозможен, според La Stampa.

Loading...