Песков: Русија не ги знае деталите од планот на Орбан

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Персков, денеска изјави дека Москва не ги знае деталите за предлогот на унгарскиот премиер Виктор Орбан за решавање на украинскиот конфликт, што тој го испрати до лидерите на Европската унија.

Loading...

„Се разбира, не знаеме за што е внатрешната кореспонденција во Европската унија, па можеби има некои детали (од предлогот за решавање на украинската криза) кои не ги знаеме. Но, уште еднаш повторувам, општиот пристап на господинот Орбан ни е познат“, рече Песков, а пренесува РИА Новости.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан испрати предлози до лидерите на земјите-членки на Европската унија за начините за решавање на украинскиот конфликт врз основа на исходот од неговата мировна мисија, за време на која тој ги посети Украина, Русија, Кина и САД од 2 јули до 11 јули. изјави претходно денеска унгарскиот премиер Балаш Орбан, пренесува Танјуг.