Песков: Постои само техничко ниво на комуникација меѓу Русија и Америка

Сподели со своите пријатели

Постои само техничко ниво на комуникација меѓу Америка и Русија, а не вистински политички дијалог, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

„Како што знаете, постојат одредени канали на комуникација меѓу Вашингтон и Москва, и преку воени и дипломатски линии. Но, ова се прилично технички контакти, без политички дијалог или дијалог на највисоко ниво“, рече Песков, според Тас.

„Њујорк тајмс“ претходно објави, повикувајќи се на извори, дека американскиот претседател Џозеф Бајден и рускиот лидер Владимир Путин наводно одржуваат индиректни безбедни канали за комуникација од февруари 2022 година, односно од почетокот на рускиот напад врз Украина, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија зборува за завршување на војната, му прати порака на Трамп