Песков: Кремљ ја поддржува идејата за прекин на огнот, но…

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, ја поддржува идејата за прекин на огнот со Украина, но смета дека е неопходно да се разјаснат сите сомнежи во врска со официјалните позиции на Киев, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

„Претседателот Путин навистина ја поддржува идејата за потребата од прекин на огнот, но пред тоа треба да се одговори на цела низа прашања кои сè уште лебдат во воздухот, бидејќи никој не ги одговорил.

Тоа е поврзано со непредвидливоста на режимот во Киев и нивната неспособност да ги контролираат акциите на цела низа екстремистички и националистички единици кои едноставно не ги почитуваат одлуките на украинскиот режим“, рече Песков одговарајќи на прашања на новинарите, пренесува РИА Новости.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ISW: Руската офанзива забавува петти месец по ред

Според портпаролот на Кремљ, ова прашање е поврзано и со плановите за натамошна милитаризација на Украина, што значи дека сите овие грижи се уште се на дневен ред.

„Руската армија изведува напади исклучиво врз воени и паравоени цели во Украина. Не се вршат напади врз украинската цивилна инфраструктура“, нагласи Песков, пренесува Танјуг.