Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Сподели со своите пријатели

Потпреседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Павле Арсоски имаше средба со граѓани, како и со членови и симпатизери на Движењето, во Крушево, во рамките на кампањата „Заедно повеќе знаеме“.

Loading...

На средбата беа присутни и членовите на Извршниот одбор на партијата Радослав Настасијевиќ Варџиски, Мирослав Лабудовиќ, Јасмина Петковска и Виктор Јовановски, како и Никола Мемов, директор на центарот за комуникации и аналитика на ЗНАМ.

Фокусот на дискусијата беше на поддршката за младите и развојот на градот.

Се разговараше за конкретни иницијативи за подобрување на условите за младите во Крушево, вклучувајќи поддршка за младинско претприемништво, подобрување на образовната и културната инфраструктура, како и создавање на нови можности за вработување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Претставниците на ЗНАМ истакнаа дека младите се клучен двигател на промените и дека партијата ќе продолжи активно да ги вклучува во креирањето на политиките кои ги засегаат.

Граѓаните на Крушево изразија поддршка за иницијативите на ЗНАМ, нагласувајќи ја потребата од конкретни чекори за задржување на младите во градот и спречување на иселувањето.

Претставниците на партијата ветија дека ќе продолжат со вакви средби низ целата земја, со цел директно да ги слушнат потребите на граѓаните и да ги вклучат во процесот на донесување одлуки.

Потпреседателот на ЗНАМ, Арсоски и претставниците на партијата, остварија средба и со членовите и симпатизерите на ЗНАМ во Демир Хисар.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Ови средби се дел од пошироката стратегија на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за активно учество на граѓаните во политичкиот процес и зајакнување на локалните заедници.